Некатегоризирано
Меѓуетничка интеграција
Нашето училиште е вклучено во третата фаза на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието / ПМИО/ . Овој проект се реализира од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Центарот за човекови права и разрешување на конфликити.
За реализација на заеднички активиности со мешани групи ученици од различни наставни јазици нашето училиште формира партнерски однос со училиштето ООУ „ Панајот Гиновски“ од Скопје. Веќе е остварена првата комуникација кога тимот за меѓуетничка интеграција во училиштето го посети партнер училиштето ,при што беа договорени наредните активности кои ќе се изведуваат во текот на учебната година.