Вести и настани

Меѓу училишен натпревар по борење

Published on

Во организација на Боречкиот клуб “7ми Мај” од Прилеп, во спортската сала на нашето училиште ООУ “Гоце Делчев” се одржа осмиот по ред меѓуучилишен натпревар, на кој учество зедоа млади борачи од речиси сите основни училишта во Прилеп.

Меѓу учесниците едни од најуспешните беа и наши ученици од четврто и петто одделение под менторство на наставниците Влатко Тошески и Зоран Бунески.

На младите спортисти им посакуваме успешно да чекорат по патот на успехот, да напредуваат како ученици во воспитно образовниот процес и да се оформат во здрави спортисти и личности претставувајќи пример за другите.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM