Вести и настани
Креативна работилница по повод новогодишните празници
На креативна работилница организирана во соработка со Дневен Центар Ѕуница и Дневен Центар Прилеп и учениците од VI г одделение од ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп, беа изработувани новогодишни честитки исполнети со креативност, љубов и празничен дух.
Изработените честитки беа изложени на Божиќен базар на Градски плоштад Прилеп, каде што предизвикаа голем интерес и радост кај посетителите. Оваа активност претставува прекрасен пример за соработка, инклузија и заедничко создавање празнична магија.