Вести и настани

Карневал Прочка 2026

Published on

По повод празникот Прочка 2026 нашите ученици учествуваа на традиционалниот карневал со многу насмевки, креативност и прекрасни маски.

Со шарени костими, оригинални идеи и позитивна енергија, вкусните колачиња од “Од кујната на Тања” од 5б под менторство на наставничката Татјана Јованоска го “засладија” прекрасната карневалска армосфера и со ритмички-музичка кореографија успешно се претставија на карневал.

MERCURY WAVE – бранот кој не познава мирување! Научен спектакл на прилепскиот маскенбал!Додека плоштадот во Прилеп беше исполнет со традиционални маски, младите хемичари од ООУ „Гоце Делчев“ одлучија да ја претстават науката во нејзиното најексплозивно издание. Под менторство на наставник-ментор м-р Кети Иваноска, оваа група ентузијасти од 6-то до 9-то одделение покажа дека хемијата не се учи само од учебници – таа се живее со страст.

Нашиот тим, препознатлив по својата енергија, приреди вистинска „лабораторија под отворено небо“. Низ низа атрактивни експерименти – од еруптирачки вулкани кои чадеа во ритамот на градот, преку будење духови од магични ламби, па сè до спектакуларното финале со „огнени раце“, учениците ги претворија комплицираните концепти во разбирлив и возбудлив спектакл. Секој атом на сцената пулсираше во чест на празникот Прочка, испраќајќи порака за светла и топла година.

Учениците уште еднаш покажаа дека знаат да ја негуваат традицијата, но и да ја претстават на модерен и интересен начин. Им благодариме на сите ученици, наставници и родители кои дадоа свој придонес за успешна реализација на овој весел настан.

Нека духот на простувањето, другарството и почитта нè води и понатаму!

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM