Вести и настани
Избор на претседател на Ученичкиот парламент – учебна 2025/26
На 1 Октомври се одржа првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент на која учениците, претседатели на паралелките на демократски начин ги изгласаа сите тела и комисии за успешно функционирање.
За претседател на Ученичкиот парламент за учебната 2025/26 година со мнозинство гласови е избрана ученичката Ева Милошевска, ученичка од IX-а одделение. Со изборот на Ева, учениците го добија својот претставник кој ќе ја пренесува нивната иницијативност, идеи и креативност.
Посакуваме успешна работа на Ученичкиот парламент, нови проекти и активности кои ќе придонесат за поуспешно и поубаво училишно секојдневие.