Вести и настани
Горди на успехот на нашата ученичка!
Со особена чест и задоволство ја споделуваме веста дека нашата ученичка Софија Иваноска освои Пофалница на Државниот натпревар по Природни науки за ученици од 5-то одделение, кој се одржа на 7 јуни 2026 година на Природно-математички факултет.
Овој успех е резултат на нејзината посветеност, љубопитност, труд и љубов кон природните науки. Честитки и за нејзиниот ментор Билјана Георгиеска, чија поддршка и работа придонесоа за овој значаен успех.