Вести и настани

“Го следиме времето, во секакви услови”

Published on

Во рамките на нашиот училишен двор веќе неколку месеци е во функција модерна и практична метеоролошка станица со која секојдневно се следат атмосферските појави. Резултатите што се добиваат се анализираат и внесуваат во електронска платформа за заштита на животната средина на светско ниво. Младите географичари ја следат температурата на воздухот и почвата, влажноста на воздухот, воздушниот притисок, количество и видот на врнежи и облаците.

Мерната станица е конструирана од страна на училиштето, а додека пак мерните инструменти се донација од “Глобе програмата” во соработка со амбасадата на САД.

За секојдневните активности и мерења се задолжени учениците од географската секција под менторство на наставникот по географија, Христијан Граороски.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM