Вести и настани
ЕСЕНСКИ РАДОСТИ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ!
Златната есен беше инспирација за нашите VIа и VIII a одделенија, како и нивните одделенски раководители Благица Чатлеска и Весна Крстеска, да ги интегрираат Англискиот и Македонскиот јазик во многу песни и поеми.
Учениците со многу љубов, радост и креативност рецитираа и интерпретираа песни посветени на златната есен, нејзините бои и волшебната убавина.
Преку стиховите ја разбудија детската фантазија и покажаа дека есента не е само годишно време, туку и неисцрпна инспирација за уметност, творештво и дружење.