Вести и настани

Еко програма на учениците од одделенска настава

Published on

Учениците од одделенска настава преку забавно рекреативна еко програма се вклучија во училишните активности во рамките на Отворениот ден за граѓанско образование на нашето училиште кој оваа учебна година беше посветен на темата „Да ја заштитиме планетата Земја“.

Со нивните едукативни изведби и креативни изработки се дадоа силен придонес во акцијата за унапредување на сознанијата на учениците дека е потребно постојано да се грижиме и залагаме за зачувување на здрава и чиста животна средина.

Преку нивните еко пораки истакнаа дека со нашето однесување кон планетата Земја можеме да ја подобруваме животната средина, а со тоа и квалитетот на нашето живеење.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM