Вести и настани
Еко час со нашите 2-ро и 4-то одделенци
Второ одделенците и учениците од четвртите одделенија денес зедоа учество на #екочас2025 со интересни активности. Со музичко сценски настап под името „Сакај се, сакај ме, чувај ме!“.
Учениците од IV a и IV б одделение порачаа дека треба да се сака и чува планетата Земја за да ни биде чиста и убава. А учениците од IV в и IV г заедно со второодделенците преку игровната активност „Селекција на отпад преку полигон”.
Оваа активност имаше за цел: Учениците да научат правилно да селектираат отпад (пластика, хартија, стакло, метал) и истовремено да ја развиваат својата физичка подготвеност преку поминување на полигон со пречки.