Вести и настани
Едукативно предавање
Во нашето училиште за учениците од 6-9 одделение се одржа едукативно предавање за штетноста и опасностите од употреба на пиротехнички средства.
Предавањето го реализираа претставници од МВР, заедно со медицински лица, кои на учениците им укажаа на можните последици по здравјето и безбедноста, како и на важноста од одговорно однесување.Благодарност до гостите за корисното и поучно предавање, кое придонесува за подигање на свеста кај нашите ученици.