Вести и настани
Едукативна работилница
На 05.12.2023 год. ученици од деветтите одделенија и нивниот ментор наставник по Граѓанско образование Петре Крстески, учествуваа на Детскиот парламент во Собранието на Република С. Македонија. Тие беа дел од едукативна работилница организирана од страна на Парламентарниот институт, која се реализира како комбинација на интерактивни сесии и практични вежби.
Во текот на работилницата, учесниците имаа можност да ги утврдат и прошират своите знаења за демократијата, работата на Собранието, правата и должностите на пратениците, како и да се стекнат со вештини за дебатирање и презентирање на сопствените аргументи. Активноста ги стимулира учесниците да развиваат сопствени ставови и мислења.
На работилницата учествуваа 15 основни училишта од нашата држава меѓу кои и нашето.