Вести и настани
Едукативна работилница по повод денот на лицата со ретки болести
На 26.02.2026 год.во нашето училиште се одржа едукативна работилница по повод денот на лицата со ретки болести.
Преку низа активности учениците од VI одделение се запознаа што значи да се има ретка болест и колку е важно истата навремено да се дијагностицира и лекува.
Упатуваме голема благодарност до Елизабета Настеска, од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ЗМСТАС ЗА НАС и Маја Дамевска Небрежанец Спец. мед. лаборантски аналитичар.