Вести и настани

Едукативна презентација

Published on

Преку едукација, поддршка и заедничка посветеност, вложуваме во создавање здрави навики и одговорен однос кон сопственото здравје. Со вакви едукативни активности придонесуваме кон подигнување на свеста кај децата за значењето на превенцијата, грижата за себе и меѓусебната одговорност.

На наше огромно задоволство беше реализирана едукативната презентација на тема ” Запознај го грипот! (Што е грип и како да се заштитиме)”.

Активноста беше реализирана во VI г одделение од страна на Елизабета Настеска и ПЗУ Д-р Гордана Јаневска Голема благодарност и за фармацевтската компанија Алкалоид за поддршката и придонесот во промоцијата на здравствената едукација на децата.

Ваквите активности претставуваат значаен придонес кон унапредување на здравствената култура и знаењето кај младите.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM