Вести и настани

Едукација од областа на безбедноста во сообраќајот

Published on

Во нашето училиште, за учениците од 7 одделение, стручни лица од МВР одржаа едукација од областа на безбедноста во сообраќајот. Целта на ова предавање беше кај учениците да се развие сообраќајната култура и одговорното однесување како пешаци и учесници во сообраќајот, како и подигнување на свеста за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи.

Изразуваме искрена благодарност до Министерството за внатрешни работи и стручните лица кои ја реализираа оваа едукативна активност и придонесоа за поголема безбедност и едукација на нашите ученици.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM