Вести и настани
“Еден свет, една планета, една заедничка желба МИР”
Под мотото “Еден свет, една планета, една заедничка желба МИР” учениците од шестите одделенија го одбележаа 21 Септември, Меѓународниот ден на МИРОТ.
Со неколку активности тие порачаа: “Да бидеме генерација која гради мостови, а не ѕидови, да шириме добрина, почит и МИР!”
Нека овие фотографии бидат светлина во светот, доказ дека иднината може да биде поубава и посветла. Мирот е тука, во сите нас, во нашето училиште, во прегратката, насмевката, во играта.