Вести и настани
Државен рецитаторски натпревар „Денови на поезијата“
Нема поубав начин да се одбележат деновите на македонската поезија зашто “Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа.” Упорноста, трудољубивоста и талентот секогаш носат успех.
На Државниот рецитаторски натпревар кој се одржа денес во “Скопје Сити Мол” кино “Синеплекс” ученичката Мина Јолеска се закити со прво место во категорија 8 одделение.
Браво Мина! Продолжи по патот на успехот!