Вести и настани
Државен натпревар во категоријата вокални интерпретатори
Огромен успех на нашите златни солисти кои на 14.05.2026 год. во Штип на Државните натпревари во категоријата вокални интерпретатори под менторство на наставникот Љупчо Мирчески ги освоија ПРВИТЕ МЕСТА:
1. Михаил Здравески 8-мо одделение: 1 место со фантастични 98 бодови!
2. Марија Илијеска 9-то одделение: 1 место со високи 92 бодови!
Од срце им честитаме за постигнатиот успех и за огромниот труд кој го вложија, а во иднина уште многу успеси….БРАВО!