Вести и настани

„Детската насмевка – најубавиот украс на нашиот град“

Published on

на 4 јуни 2026 година, на Камената бина во Прилеп, ООУ „Гоце Делчев“ успешно ја реализираше завршната детска манифестација „Детската насмевка – најубавиот украс на нашиот град“.

Вечерта беше исполнета со детска радост, песна, игра, аплаузи и искрени насмевки кои уште еднаш покажаа дека децата се најголемото богатство и најубавата инспирација за нашата заедница.

Нашите ученици со голема љубов, труд и посветеност ги претставија своите таленти, креативност и ведар дух, создавајќи незаборавна атмосфера за сите присутни.

Им благодариме на учениците, наставниците, родителите и на сите посетители кои со своето присуство ја збогатија оваа прекрасна вечер и придонесоа за нејзиниот успех.

Заедно создадовме спомени кои долго ќе ги паметиме! #ООУГоцеДелчевПрилеп#ДетскатаНасмевка#ЗавршнаПриредба#ГордиНаНашитеУченици#Прилеп

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM