Вести и настани

“Денови на Св. Климент Охридски”

Published on

Ученици од нашето училиште од историската, литературната и ликовната секција беа дел од проектот “Денови на Св. Климент Охридски” во организација на здружението “Платформа за Креативни Концепти”- Прилеп, во соработка со Институтот за старословенска култура, Општина Прилеп и Преспанско – Пелагониска епархија.

Проектот се работеше скоро два месеци, а учениците денес на овој ден за празнување со своите дела на убавиот македонски збор, инспирирани од делото на Св. Климент покажаа што значи да се продолжи љубовта кон писменоста, знаењето и духовноста!

Свети Климент Охридски е симбол на духовноста, образованието и културното наследство на Македонија. Како најистакнат ученик на светите браќа Кирил и Методиј, тој го продолжил нивното дело, создавајќи основа за писменоста и образованието меѓу Словените.А ние сме должни да го продолжиме делото на Св. Климент!

Тропар:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажен,кон божествен и блажен живот.Со чудеса си ги просветил ониешто пристапуваат верно кон тебе,со знаменија си ја осветлил темнината.Поради тоа го славиме твојот божествен спомен, Клименте.

Нека ни е честит 8 декември – Денот на Св. Климент Охридски!

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM