Вести и настани
“Денови на европското наследство 2024 година”
Во рамките на манифестацијата “Денови на европското наследство 2024 год”, учениците од историската секција од 9 одд. предводени од наставничката Величе Лесноска го реализираа настанот “Ченто во училишните библиотеки”, при Меморијалниот музеј 11 ти Октомври 1941 год. (Участок)- Прилеп.
Во годината кога се одбележува 80 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ чиј претседател на Призедиумот бил Методија Андонов-Ченто.
Благодарност за примерокот од фотомонографијата “Ченто-биографија низ фотографија” во издание на НУ Завод и Музеј – Прилеп, од авторот Рубинчо Белчевски.