Вести и настани

Денот на планетата Земја 22 Април

Published on

Овој ден е посветен нa заштитата и зачувувањето на планетата како наш единствен дом.На овој ден се организираат различни манифестации ширум светот со цел подигнување на свеста за значењето на заштита на природата, намалување на загадувањето и справување со климатските промени. Денот има и образовна улога поттикнувајќи одговорно однесување кон природата од најрана возраст. Еко одборот од нашето училиште по повод Денот на планетата Земја распиша ликовен и литературен конкурс под наслов “Планетата Земја треба да ја чуваме”.

Од многуте литературни творби со 1 ва награда се закити “Со секој засаден цвет пошарен е овој свет” на Дарија Цуцулеска Vв одделение.2 ра награда “Нашиот избор” на Јана Николоска VIII б и 3 та награда “Чувајте ја планетата Земја “на Михаела Димиќ IV a. На ликовниот конкурс 1 ва награда за Марио Јосифоски V б одделение, 2 ра награда Јована Николоска II г одделение и 3тќ та награда за Мила Јовески IV б одд. Останатите учесници се закитија со пофалнци. Им благодариме на учениците и нивните ментори за масовното учество.

Со почит, Еко одбор при ООУ “Гоце Делчев Прилеп”.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM