Вести и настани

„Читаме заедно – растеме заедно“

Published on

Со голема радост ја споделуваме првата активност од ученичката иницијатива „Читаме заедно – растеме заедно“, реализирана од Ученичкиот парламент при ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп, во соработка со ЈОДГ „Гоце Делчев“ – Прилеп.

Во рамки на иницијативата беше организирана донација на сликовници, во која учествуваа учениците, родителите и наставниците од нашето училиште. Благодарение на нивната хуманост и поддршка, собравме сликовници кои ќе донесат радост и нови приказни за најмалите

На 03.04.2026 година, нашите ученици ја посетија градинката, каде што: ги донираа сликовниците читаа приказни споделија убави моменти и насмевки со децатаОваа активност покажа дека љубовта кон книгата се гради од најмала возраст, а кога читаме заедно – навистина растеме заедно. Голема благодарност до сите ученици, родители и наставници кои несебично придонесоа и ја поддржаа оваа иницијатива!

Продолжуваме со уште многу убави активности!

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM