Вести и настани
Активности од изборниот предмет “Биогеографија”
Во рамките на изборниот предмет “Биогеографија”, на ден 06.06.2026 година, воедно “Национален ден на планинарските патеки”, се одржа еднодневна теренска настава и посета на “Национален Парк – Пелистер” и градот Битола.
На теренската настава зедоа учество ученици од VIII в/г одделение, кои беа предводени од наставниците Христијан Граороски, Филип Бежоски и Јована Белушаноска и истите имаа можност да се запознаат со геодиверзитерот и биодиверзитетот на Баба планина и Националниот Парк – Пелистер.
Планината не пречека во нејзиното раскошно издание со многу бои, цветови, чаеви, извори, камени реки, карпи, пејсажи, предизвици и ендемичната молика. Нашата тура се одвиваше во следниов распоред: хотел “Молика” – Планинарски Дом – “Копанки” – Јоргов Камен – Црвени Стени – хотел Молика.
Патеката е релаксирана и целосно под сенка под моликова шума со одлични видиковци кон градот Битола и Нижеполе. После успешната тура, нашата ручек пауза се одвиваше во градот Битола, проследена со прошетки и авантури.
Од планината зедовме многу позитива, чист воздух, вода и спомен, а ја оставивме само нашата позитивна енергија.
До следно видување.