Вести и настани
Активности на нашите вредни ученици по повод „Еко Час 2026“
Преку безброј истражувачки активности, работилници, демонстрации, изработки и рециклирање, учениците од нашето училиште активно се вклучија во активноста „Еко час“, организирана од МОН и БРО како дел од големата пролетна акција за чистење „Генерален викенд“.
Преку овие активности учениците покажаа грижа за животната средина, учеа за значењето на чистата околина и дадоа свој придонес за поубаво и почисто училиште и заедница. Со голем ентузијазам и тимска работа, тие испратија порака дека секој може да помогне во зачувувањето на природата.