Вести и настани
Активности на англиската секција
Изработуваме, учиме и се натпреваруваме!
По повод британскиот празник Халовин, во рамките на Англиската секција, под менторство на наставничката Благица Чатлеска, се одржа повеќечасовна работилница на која учениците ги покажаа своите вештини, креираа многу изработки поврзани со овој празник и се запознаа со британската култура и традиција.
Не беше изоставена играта и натпреварувачките активности каде уште еднаш покажавме деке умееме да другаруваме и создаваме спомени.