Следете нè на:

Некатегоризирано

Е – Училница

Драги ученици, наставници и родители,

Е – Училница е место на кое ќе најдете видео лекции за предметите кои се изучуваат во училиште.

Овие видео лекции се направени од наставници ширум земјата со цел да послужат како дополнителен ресурс во процесот на учење и совладување на наставните содржини.

Во целост ви го пренесуваме обраќањето на Министерот за образование Арбер Адеми:

Драги ученици!

Со донесувањето на уредбите со законска сила и воведувањето на далечинското учење односно учењето од дома, покрај средствата за електорнска комуникација кои се применуваат од страна на вашите училишта, покрај и ТВ-Училница од денес своето знаење можете да го надградите и со користење на националната платформа Е-Училница.

Драги наставници кои до сега земавте активно учество ви благодариме, останатите ве повикуваме да се вклучите во поддршка на учењето од далечина за децата кои привремено не одат на училиште поради КОВИД-19 со што ќе придонесете во заедничката работа за обезбедување образование за нашите деца во овие услови.
Новата дигитална платформа со видео-настава и активности за учење преку игра се достапни на 👇

http://eduino.gov.mk/.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Некатегоризирано