Вести и настани
22 Март – Светски ден на водата
По повод Светскиот ден на водата, во нашето училиште се реализираа активности насочени кон подигнување на свеста за значењето и заштитата на овој скапоцен природен ресурс.
Еко одборот на нашето училиште изработи информативен флаер со едукативна содржина, кој потоа го делеше низ целото училиште.
Преку оваа активност учениците беа потсетени на важноста од рационално користење на водата и зачувување на животната средина. Да придонесеме сите заедно за почиста и поздрава иднина!