Вести и настани
1 награда на ликовниот конкурс по повод меѓународниот ден на правата на потрошувачите
Со особена гордост ја споделуваме убавата вест дека ученичката Стефани Костадинова од 5-а одделение од ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп освои 1 награда на ликовниот конкурс организиран по повод 15 Март-Меѓународниот ден на правата на потрошувачите.
Свеченото доделување на наградите се одржа на 13 Март 2026 година во Скопје, во клуб на органите на управата (Клуб на пратениците). Честитки за ученичката и менторот за постигнатиот успех и им посакуваме уште многу успеси во иднина.