Ден исполнет со гордост, радост и незаборавни моменти!
Нашите најмали ученици ја кажаа својата свечена заклетва и официјално станаа дел од ученичката организација, означувајќи го почетокот на едно ново и возбудливо поглавје во нивниот живот.
Со пригодна програма, подготвена од учениците од четврто одделение, свеченоста доби посебна топлина и значење. Поминувајќи под македонското знаме, првачињата го направија својот прв свечен чекор во училишниот свет, а за спомен добија и мали подароци.
Нека секој нивни училишен ден биде исполнет со нови знаења, искрени пријателства, насмевки и успеси!