Вести и настани
 Пријателски натпревар – спорт, дружење и фер-плеј! 
Во прекрасна спортска атмосфера се одржа пријателски натпревар помеѓу ученици од основните училишта од Скопје и Прилеп ООУ “Тихомир Милошевски” од ООУ “Ѓорче Петров”, ООУ “Ацо Шопов” од Радишани и ООУ “Гоце Делчев” од Прилеп, членови на училишните спортски клубови.
Натпреварот помина во духот на спортското дружење, фер-плејот и меѓусебното почитување. Учениците покажаа голем ентузијазам, спортски дух и желба за натпреварување, но пред сè уживаа во заедничкото дружење.