Вести и настани
 ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп се реализира пригодна програма со која учениците му оддадоа почит на историското значење на овој ден.
Учениците од одделенијата учествуваа со рецитирање песни посветени на слободата, храброста и љубовта кон татковината, потсетувајќи нè на значењето на оваа историска дата за нашиот народ.