Вести и настани
Гордост на нашето училиште!
Прилеп уште еднаш покажа дека знае да ја чува традицијата, но и да ја негува креативноста. Особена чест и гордост за нашето училиште е успехот на нашиот ученик од IX одделение.
Со својата оригиналност, креативен пристап и посветеност, Валентин Костоски достојно го претстави нашето училиште и освои трето место за најиновативна маска.
Овој успех е резултат на неговиот труд, талент и љубов кон традицијата.
Му честитаме за постигнатиот успех и му посакуваме уште многу награди, инспирација и нови креативни достигнувања!