Вести и настани
 ШАМПИОНКИТЕ 
Со огромна гордост и неизмерна радост објавуваме дека ученичките од ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп се новите ДРЖАВНИ ШАМПИОНКИ во мал фудбал, освојувајќи го првото место на државното финале од Плазма Спортските игри на младите, одржано на 30 јуни во Скопје.
Нашите златни шампионки:
Со срце, пожртвуваност, дисциплина и вистински тимски дух, овие извонредни девојки испишаа нова страница во спортската историја на нашето училиште, достоинствено претставувајќи го ООУ „Гоце Делчев“, градот Прилеп и нашата Македонија.
Посебна благодарност и честитки до нивниот наставник и ментор Игор Чадамов, чија професионалност, посветеност и неизмерна верба во учениците беа клучни во создавањето на оваа шампионска генерација.
Но, ова е само почеток!Како државни шампионки, нашите фудбалерки од 17 до 22 август ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство во Сплит, Хрватска.
#ООУГоцеДелчевПрилеп#ДржавниШампионки#МалФудбал#ГордостНаПрилеп#ПлазмаСпортскиИгриНаМладите#ТимскиДух#ШампионскаГенерација#Сплит2026