Во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп ги пречекавме нашите најмали ученици – нашите првачиња! Со очи полни со љубопитност, срца полни со радост и насмевки што го разубавија училиштето, тие го направија својот прв чекор во светот на знаењето, другарството и детските соништа.
Свечениот прием го збогатија обраќањата на директорката Снежана Котева, советниците од Бирото за развој на образованието и претседателката на Советот на Општина Прилеп, Билјана Кржеска, кои на нашите првачиња им посакаа среќен почеток, многу успеси, знаење, другарства и безброј насмевки во нивните училишни денови.
По посебниот поздрав, учениците од петтите одделенија подготвија и изведоа прекрасна пригодна програма со што им посакаа топло добредојде на своите помлади другарчиња. Нека секоја нова буква биде мала победа, секој нов другар – убаво сеќавање, а секој училишен ден – приказна вредна за паметење.
Добредојдовте, наши мали ѕвездички! БЛЕСКАЈТЕ! Денес започнува вашата приказна!