Следете нè на:

Вести и настани

Завршна активност од детската недела

Едукативно интерактивна работилница „Сакам да научам сам за да знам“.

На спонтан и интересен начин нашите најмали ученици, од првите одделенија се приклучија во активности кои имаа за цел да покажат како ученикот може да учи преку игра во училиште и дома користејќи манипулативи. Учениците ги менуваа активностите во јазично, математичко катче и пробуваа активности кои го поттикнуваат развој на графомоториката.

Се дружеа, надополнуваа и си помагаа манипулирајќи со бројки, букви, форми и друго. Во активностите им помагаа и ученици претставници на Ученичкиот парламент и стручните соработници.

Активностите беа следени и од родителите на првачињата.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани