Следете нè на:

Вести и настани

Прием на првачиња во детската организација

Оваа недела ја завршуваме со најважен настан, прием на првачињата во Детската организација. Ја одбележавме Детската недела под мотото „Јас и светот околу мене“.

Учениците од четвртите одделенија за првачињата од нашето училиште подготвија пригодна програма.

Програмата беше проследена во весела атмосфера и бурни ракоплескања од присутните ученици од првите одделенија како и нивните родители и родителите на учениците учесници во програмата.

Во активностите за Детската недела првачињата беа израдувани и со пригодни подароци подготвени од училиштето кои им ги подели Директорката од нашето училиште Снежана Котева.

Првачињата го дадоа своето ветување дека ќе ги почитуваат наставниците дека ќе учат и меѓусебно ќе другаруваат.

Поминувајќи под македонското знаме им посакавме: Среќно и весело детство и убави ученички денови.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани