Следете нè на:

Вести и настани

Заеднички активности со партнер училиште

Нашето училиште ја продолжи соработката со партнер училиштето „Панајот Гиновски” од Скопје во кое учат ученици со мешан етнички состав. Со партнер училиштето „Панајот Гиновски“ од Скопје, Општина Бутел, направена е координација за поддршка на заеднички меѓуетнички активности.
ООУ„Гоце Делчев“ беше домаќин на претставници-ученици и наставници од партнер училиштето на 02.06.2022 година.


По претходно остварени заеднички комуникации меѓу двете училишта и направени заеднички подготовки реализирани се заеднички активности мегу учениците преку мешани групи на учениците од два етникуми ( македонски и албански ). Членови на Тимовите за МИМО, наставници и ученици од предметна настава го посетија нашето училиштето и беше реализирана заедничка активност „Ги запознаваме културните знаменитости и стопанските карактеристики на Општина Прилеп и Општина Бутел“.

Заедничките активности опфатија меѓусебно запознавање, посета на знаменитости во градот и изработување на заеднички постер со значајни карактеристики од двете општини. Тие, исто така, заеднички засадија дрво на сеќавање во училишниот двор.
Евалуација на заедничката средба беше направена преку изнесување на впечатоците на учесниците во „Книга на спомени“.


Настанот беше помогнат од ЛС Прилеп и ЛС Бутел. Заедничката активност овозможи учениците да развиваат чувство на отвореност за запознавање на особеностите на другите култури, меѓусебно почитување, емпатија, доверба и прифаќање на другите култури.


Претставниците од двете училишта разменија искуства за успешни наставни практики и други воннаставни активности.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани