Следете нè на:

Вести и настани

Врвни резултати на Државниот и Регионалниот натпревар по Информатика

Успесите на учениците од нашето училиште под менторство на наставничката по Информатика Летка Дојкоска во континуитет продолжуваат.

На Државниот натпревар по Информатика организиран од Здружението на Информатичарите на Македонија ученикот Михаил Ѓорѓиески VIIa одд. го освои највисокото ПРВО место и стана државен првак, исто како и минатата учебна година. Ученикот 2 години последователно ја освојува титулата ДРЖАВЕН ПРВАК на натпреварите по Информатика. Освен дипломата ученикот доби и ваучер за следење на компјутерски курсеви доделен од СЕМОС Едукација.

Оваа учебна година високи успеси на натпреварите постигна и ученикот Стефан Секулоски VIIa одд. кој го освои третото место на Регионалниот натпревар по Информатика и доби пофалница за учество на Државниот натпревар по Информатика.

Како резултат на активното учество на натпреварите по Информатика учениците од нашето училиште имаат можност да навлезат во тајните на програмирањето и на тој начин да се создаде една одлична подлога за една перспективна професија, како во Македонија, така и во светот.

Михаил Ѓорѓиески се стекна со право да продолжи да се натпреварува и на Олимпијадата по Информатика.

Честитки за постигнатите успеси и уште многу успеси во иднина им пожелуваме на нашите ученици!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани