Следете нè на:

Вести и настани

Во чест на роденденот на Гоце Делчев

Денес, 04.02.2023 год. се навршуваат 151 година од раѓањето на македонскиот великан, најистакнатиот македонски национален херој и борец за независна и слободна Македонија, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.

И по 151 години се потсетуваме на неговата големина како учител кој кажал многу мудрости со кои ја предочил македонската идеологија и иднина. Се сеќаваме и ја продолжуваме визијата на нашиот патрон, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Овој значаен ден, денот на раѓањето на Гоце Делчев, учениците и наставниот кадар од нашето училиште, на достоен начин го одбележаа преку наставни и воннаставни активности, реферат и пригодна програма.

Пред бистата на Гоце Делчев во училишниот двор се оддаде почит со положување на свежо цвеќе од страна на делегација на претставници од Локалната самоуправа, политичк партии, како и директорката и претставници од стручната служба и наставниот кагар од училиштето.

Целосно поддржано од Локалната самоуправа, нашето училиште гордо чекори во процесите на унапредување на квалитетот на наставата и учењето, континуирано создавајќи подобри услови за учење, потврдувајќи уште една Гоцева мисла дека трудот и упорноста се силата со помош на која човек станува најголем при секоја иницијатива.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани