Почитувани, сите кои не следите, Ве поздравуваме на овој свечен ден на нашето училиште!
На 4 – ти Мај славиме за нашиот патрон Гоце Делчев кој се смета за апостол, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење кон крајот на 19 ти и почетокот на 20 ти век. Низ нашиот живот минуваат луѓе и оставаат некоја трага, но тој е нешто навистина посебно, тој е еден од најзначајните ликови во македонската историја.
Гоце е мотив повеќе за нашите залагања за високи постигнувања на сите полиња од воспитно-образовниот процес, за успесите, триумфите, радостите, титулите на учениците кои, водени од своите наставници, постигнуваат високи резултати во наставни и воннаставни активности.
По овој повод нашето училиште, преку творбите на помалите и поголемите ученици, поетски, ликовни, креативни, изведбени, а под менторство на наставниците и со поддршка на родителите, му оддава достојна почит на ликот и делото на храбриот револуционер и деец Гоце Делчев, кој загина во предвечерието на Илинденското востание, на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско, во борби со османлиската војска.