Следете нè на:

Вести и настани

Успех на државен натпревар

Третиот државен натпревар по хемија за ученици од основните училишта се одржа на 6 мај 2018 на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Младите хемичариод ООУ “Гоце Делчев” предводени од наставничката Кети Иваноска, продолжуваат со успесите. Теодора Петреска втора награда, Елена Мијоска и Делфина Милеска се закитија со трета награда.

Секоја година учесниците на државниот натпревар по хемија добиваат маица со дизајн кој симболизира љубов кон хемијата.

Оваа година, Секцијата за хемиско образование при СХТМ организираше награден конкурс за дизајн на маица, на кој секој ученик пласиран на државниот натпревар има право да учествува со своја идеја – дизајн на маица, кој треба да биде претставен на лист со формат А4 на кој рачно, со молив или со пенкало.

На конкурсот учествуваа 46 ученици, а наградена како најдобра беше идејата на Теодора Петреска.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани