Следете нè на:

Вести и настани

Уште еден голем успех на нашите ученици

На натпреварот по математика и физика во организација на ПСУ “Јахја Кемал” – Струга за добивање стипендија кој се одржа на 19.02.2023 година од нашето училиште учествуваа 8 ученици од 9 – то одделение:

Михаил Ѓорѓиески, Софија Димитриеска, Теодора Крстеска, Емили Иваноска, Алексеј Митрески, Бојан Нанчески, Душко Илиески и Анита Мирческа под менторство на наставничката по математика Билјана Попоска Филипова и наставничката по физика Милена Димитриеска.

Според конечната ранг листа сите ученици беа високо рангирани, додека 3 – ца ученици освоија директен упис во училиштето и стипендија од 80%, 60% и 30%.

Ова е уште еден доказ дека учениците од ООУ “Гоце Делчев” се квалитетни ученици со кои треба да се гордееме.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани