Следете нè на:

Вести и настани

“Thanksgiving Day”

Секогаш постои нешто поради што треба да се заблагодариме. “Thanksgiving Day” e празник кој се слави четвртиот четврток од месец Ноември во сите земји каде што англискиот е мајчин јазик.

Целта на овој празник е да се искаже благодарност за плодната година што одминува преку собирањето на поширокото семејство на богата трпеза на која главно јадење е мисирката.

Денес учениците од 7а одделение заедно со наставничката по англиски јазик Благица Чатлеска ги посетија најмалите во градинката “Гоце Делчев” како и учениците од третите одделенија од нашето училиште со цел да ги запознаат со овој празник и да им подарат дел од нивните изработки, да им прочитаат песни со желби секогаш да се заблагодаруваат и за најмалите нешта од нивните малечки срца полни со љубов.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани