Следете нè на:

Вести и настани

Четири награди за нашите вредни научници

И оваа учебна година нашето училиште се вклучи во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ 2019, во организација на Македонското географско друштво (МГД), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти географи „Природник“ (ИДСГ – Природник) Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Настанот беше наменет за учениците од основните и средните училишта, а оваа година истиот се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2019 година.

Во конкуренција на голем број ученици на оваа државна манифестација учениците изведуваа експерименти и ги објаснуваа проектите и процесите пред комисија составена од професори од природната група предмети во која учествуваа и професори од Природно математичкиот факултет од Скопје.

Оваа учебна година од нашето училиште наградени беа учениците :

Михајло Обрадовиќ – петто одделение – трето место, ментор Кети Иваноска;
Михаил Ѓорѓиоски – шесто одделение – второ место, ментор Кети Иваноска;
Иван Кузманоски – осмо одделение – второ место, ментор Кети Иваноска;
Елена Пиловска – деветто одделение – трето место, ментор Кети Иваноска;

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани