Следете нè на:

Вести и настани

Англиска секција

Во рамките на англиската секција “Љубители на англискиот јазик” голем број на ученици земаат учество во многубројни активности по различни поводи под менторство на наставничката Чатлеска Благица.

Оваа учебна година учениците уредија ѕидно списание кое изобилува со податоци од различни области како музика, актерство, научни истражувања, забавен дел со квизови и шеги, литературен дел, како и факти за животни и др.

Учениците активно истражуваа и учествуваа во собирањето на материјалот, ја развиваа својата креативност и создадоа катче кое со задоволство и љубопитност ќе го читаат и останатите ученици од нашето училиште.

Она што го научуваме и создаваме со задоволство, никогаш не го забораваме.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани