Следете нè на:

Вести и настани

Светскиот ден на детето

Вчерашниот ден на глобално ниво се одбележа #СветскиотДенНаДетето и 30 годишнина од Конвенцијата за правата на децата. Ова е манифестација на детските права и начин да се покаже дека секое дете има право да биде слушнато, да учествува и да игра улога во граѓанскиот живот на своето општество. За таа цел и учениците од ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп се вклучија во акцијата #WorldChildrenDay #KidsTakeOver преку повеќе активности. Учениците од Ученичкиот парламент заедно со ученици од осмо одделение преку работилница ги искажаа своите мисли за детството изработувајќи постер, флаери во кои порачаа за секое дете,секое право. Сакаме детски насмевки. Нека секое дете има мирен сон. Право на едукација.

Учениците од седмо одделение им одржаа предавање на помалите другарчиња од трето одделение на тема: „Конвенција за правата на децата“. Ги запознаа учениците со правата на децата, ги искажаа своите желби за Иднината на детството преку цртежи а потоа врз балони пишуваа поими на тема: „Среќно детство“.

Гулабот како симбол на слободата на крај ги обедини сите учесници во денешниот настан!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани