Следете нè на:

Вести и настани

Соработка со нашето партнер училиште

На ликовната изложба на делата од деветтата ликовна колонија „ЉУБАНЦИ 2019“ која беше организирана од страна на Општина Бутел, Скопје беше изложен цртежот на ученикот Филип Атанасоски од осмо одделение кој беше награден со трето место. Ментор на ученикот е наставникот по ликовно образование Филип Перески.


Покрај дипломата и пригодната награда за ученикот, на наставникот ментор и на училиштето им беа доделени благодарници.
Учеството на ликовната колонија се реализираше во соработка со нашето партнер училиште ООУ„Панајот Гиновски“ од Скопје, Општина Бутел, со кое реализираме заеднички активности на учениците за меѓуетничка интеграција во образованието.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани