Учениците од паралелката VII – б и членовите на секцијата по француски јазик во соработка со волонтерката Gülay Dedebaş од Турција🇹🇷 и волонтерот на Youth Council Prilep -Младински Совет Прилеп Théo Citron од Франција🇫🇷 направија ⛄️креативна новогодишна работилница, изработувајќи разни❄️ новогодишни честитки и украси🎅, кои подоцна ќе бидат продавани на новогодишниот базар❄️ во училиштето.
Претходно учениците од паралелките VI – б и VII – б под менторство на одд.раководители Билјана Јагуриноска и Ирена Наумоска со новогодишни изработки и украси создадоа вистинска магија во нивната училница! Се ближат Новогодишните и Божиќните празници🎄🎅🎉🎁