Следете нè на:

Вести и настани

Регионален проект за зајакнување на наставата по францускијазик

Денес, во Клубот на пратеници во Скопје, нашето училиште присуствуваше на семинарот за Регионалниот проект за зајакнување на наставата по #францускијазик во образовниот систем во земјава и во регионот кој го отпочна Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука на Р.С. Македонија.

Настанот на којшто беше презентиран овој проект, којшто има за цел зголемување на динамиката на наставата по француски јазик во основните училишта и олеснување на изборот на францускиот како втор странски јазик, беше отворен од страна на Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и г-дин Јетон Шаќири, Министер за образование и наука.

Проектот е финансиран од француското Министерство за Европа и надворешни работи во рамките на солидарниот фонд за иновативни проекти(FSPI). Семинарот беше наменет за директори и професори по француски јазик во основните училишта но присутво зедоа и неколку градоначалници меѓу кои и градоначалникот на град Прилеп, г-дин Борче Јовчески.

Се надеваме дека нашето училиште ќе ја продолжи соработката со Францускиот институт и ќе земе учество во овој проект за поддршка и зајакнување на францускиот јазик во основните училишта.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани